БЕСПЛАТНА МОНТАЖА И БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО 30km ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД НАЈБЛИСКИОТ САЛОН

Детски соби - комплети

Наједноставните и најпрактични решенија за уредување на детските соби се комплетните програми кои овозможуваат функционално искористување на просторот и хармонија во естетиката. Со плакар, кревет, работна маса и полици од истите колекции, ќе му овозможите на Вашето дете добри услови за спиење, учење, одмор и игра.

Погледнете ја нашата понуда на детски соби.

Детската соба Lino зрачи со ведрина и позитивна енергија. Преку комбинацијата на зелена боја и дезен на светол бор, создава средина во која момчињата и девојчињата на подеднакво интересен начин ќе ги поминат најубавите денови од своето детство. Простран двокрилен плакар со класични врати, кревет кој можете да го комбинирате со фиока за да направите дополнителен кревет, работна маса во две бои и практични полици ќе придонесат за квалитетно опремување на детската соба, која детето ќе може да ја користи до осамостојувањето.

Детската соба Castle во бела боја е поврзана со безгрижност, хармонија и усогласеност. Создадена е за да ја украси собата на Вашето дете со комбинација на елементи. Со двокрилен плакар со класични врати, кревет, работна маса, наткасна, полица, закачалка и додаток за преслекување, уште од најрана возраст ќе им приредите прекрасен амбиент на Вашите малечки.

Детската соба Keln е класичен модел во комбинација од цреша дезен и беж боја, подеднакво погодна за девојчиња и за момчиња. Елементите вклучуваат двокрилен плакар со класични и лизгачки врати, кревет, комода, огледало, работна маса и наткасна. Мебелот е тој што ќе ги задоволи потребите на Вашето дете за добар одмор, учење и креативни активности.

Комплетните детски соби дизајнирани во ист стил Ви даваат можност да ги изберете елементите кои најмногу Ви одговараат и со кои ќе го постигнете целосниот ефект при уредување.