Клуб маси

Доколку опремувате нов простор или сакате да го освежите постоечкиот со атрактивно парче мебел, клуб масата може да биде едноставно и многу ефективно решение. Нашите клуб маси се дизајнирани хармонично да ги надополнуваат аголните гарнитури, фотелјите, како и другиот мебел.

Покрај декоративната функција, незаменлива ќе биде и нивната практична улога во складирањето на различни работи. Овде можете да ставите далечински управувачи, списанија, мобилни телефони, прибор, а доколку имаат фиоки и различни работи кои не сакате сите да ги гледаат.

Ќе бидете воодушевени од разновидноста на стиловите, материјалите, боите, формите и димензиите на нашите клуб маси. Од класични до модерни модели, нашиот асортиманот Ви нуди многу опции. Некои од кружните, правоаголните, квадратните, елипсовидните или специјално дизајнираните модели ќе Ви го привлечат вниманието. Можете да се одлучите за една поголема или комбинација од две или три помали клуб маси.

При изборот на клуб маса, еден од важните критериуми се материјалите од кои е направена. Во изработката на нашите клуб маси користиме различни материјали – рафинирана иверица, цврсто дрво, фурнир или иверица во различни бои и текстури на дрво.

Некои од нашите модели се дел од колекцијата за уредување на дневни соби и трпезарии, па можете лесно да ги усогласите со комоди, витрини, библиотеки, полици и трпезариски маси.

Без разлика дали клуб масата е дел од колекција или е независно парче мебел, секоја од нив ќе внесе нова димензија на убавина во Вашиот простор и ќе Ве освои со својата практичност.