БЕСПЛАТНА МОНТАЖА И БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО 30km ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД НАЈБЛИСКИОТ САЛОН

Закачалки

Закачалки се одлично решение за чување полесни алишта, чадори, чанти, капи, шалови и различни други работи.

Моделите кои можете да ги најдете во нашата понуда се дел од програмата наменета за комплетно опремување на претсобјето. Можете да ги комбинирате со плакари, шкафчиња за обувки, огледала или да ги купите одделно како и да ги усогласите со мебел од други колекции.

Покрај практичната примена, закачалките со панел од нашата програма имаат и декоративна функција. Прицврстени на ѕидот, тие придонесуваат за естетика на просторот додека истовремено функционално се користат. За некои модели имате можност да изберете боја, додека некои модели имаат полица за складирање на разни ситници.

Закачалките од нашиот асортиман се погодни и за канцеларии, угостителски објекти и други простории каде има потреба од повремено складирање на облека.