СИМПО е препознатлив по своите аголни гарнитури со врвен дизајн и квалитет. Нашите аголни гарнитури се наменети за опремување на дневни соби и уредување на деловните простори.
Кај нас ќе најдете широк асортиман на аголни гарнитури во различни стилови. Од минималистички, кои едноставно се вклопуваат во секој простор, преку практични и модерни кои можете да ги користите и за спиење, до гарнитури опремени со иновативни додатоци, со прилагодливи наслони за глава или ротирачки наслони- сè е подредено за максимален комфор и удобност на клиентите.
Нашите аголни гарнитури не само што се одликуваат со прекрасен дизајн, туку на многу начини се целосно прилагодени на Вашите потреби. Во зависност од просторот што сакате да го опремите, без разлика дали станува збор за голема дневна соба која сакате да ја уредите со прекрасна гарнитура или помал стан каде што сте ограничени во просторот, имате можност помеѓу нашите модели да ја изберете токму аголната гарнитура која најмногу ќе одговара на Вашиот простор.
За секој модел на аголна гарнитура, сами го избирате аголот – продолжеток. За да не погрешите, водете се од тоа дека аголот се избира така што ќе застанете пред гарнитурата и потоа ќе погледнете дали сакате продолжетокот (аголот) да биде на левата или десната страна.
Аголните гарнитури на СИМПО се вистинското решение за мултифункционално опремување на домот. Покрај тоа што овозможуваат доволно простор за удобно седење, многу од нашите модели имаат и механизам за спиење. Удобните аголни гарнитури со механизам за секојдневно спиење на многу едноставен и лесен начин, во само неколку чекори, Ви овозможуваат да го претворите Вашиот омилен дневен модел во совршено место за спиење. Моделите со механизам за софа кревет имаат душек од полиуретанска пена со дебелина од 12 cm.
За Ваша удобност, направивме чекор понатаму, затоа нудиме и модел со електричен механизам „паметен кревет“, кој преку далечинскиот управувач се трансформира во кревет за спиење.
Моделот на аголната гарнитура со механизам за подигнување, кој се наоѓа под седиштето и функционира на принцип на извлекување на фиоката, која потоа се подига до нивото на седење со помош на самиот механизам, исто така е многу лесен за ракување.
Некои од моделите на аголни гарнитури имаат практична кутија за складирање постелнина.
Сите аголни гарнитури на СИМПО имаат квалитетна конструкција од цврсто дрво и други материјали кои придонесуваат за издржливост и стабилност. За полнење на елементите се користат високоеластична HR-пена и стандардни полиуретански пени. Ваше е да го изберете моделот на аголна гарнитура во боја и материјал кој најмногу Ви се допаѓа. Можете да изберете кожа или штоф, или во некои модели комбинација од овие два материјали, што значи дека аголната гарнитура е изработена од кожа со перници од штоф.
Погледнете ја нашата понуда или посетете го најблискиот салон на СИМПО за да се уверите во квалитетот на нашите аголни гарнитури. Сигурни сме дека во нашиот асортиман ќе најдете аголна гарнитура која ќе Ве освои на прв поглед и во чија убавина и удобност ќе уживате со години.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.