БЕСПЛАТНА МОНТАЖА И БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО 30km ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД НАЈБЛИСКИОТ САЛОН

Детски плакари

Секоја детска соба треба да има доволно простор за складирање на детските работи. Поради тоа, потребни се функционални плакари за уредно складирање на целата облека, книги и играчки.

СИМПО создаде линија на детски плакари, кои според дизајнот имаат универзален карактер и се подеднакво интересни за опремување на соби за девојчиња и момчиња.

Станува збор за еднокрилни и двокрилни плакари, кои се опремени со полици, шипки за закачување облека и фиоки. Тие овозможуваат да складирате работи според потребите на Вашето дете. Изработени се од најквалитетни материјали, долготрајни и стабилни.

Плакарите од нашата понуда се дел од колекцијата наменета за опремување на детски соби. Најдобро се усогласуваат со кревети, работни маси, наткасни и полици од истоимените програми.