Спалната соба е вашето катче за соништата, местото каде што ја обновувате енергијата по напорниот ден и ги поминувате најубавите моменти за одмор. Затоа ќе Ви помогнеме на најдобар можен начин да ја уредите внатрешноста на оваа соба, за да ги исполни Вашите естетски очекувања, но и да биде функционално организирана.
Комплетите со елементи за спални соби претставуваат комбинација од кревет, гардероби, комоди, наткасна и огледала. Во зависност од просторот и Вашите желби, можете да ги комбинирате елементите на совршен начин бидејќи тие се стилски поврзани и создаваат хармонија во просторот.
Доколку сакате Вашата спална соба да има автентичен ентериер, а воедно и самите креативно да поврзете мебел од различен дизајн, достапен е богат асортиман на производи за реализација на Вашите идеи.
Посебно внимавајте при изборот на кревет, бидејќи неговата удобност директно влијае врз квалитетот на Вашиот сон. Можете да изберете помеѓу кревети од плочест материјал и тапацирани кревети, кои може да се фиксираат или модели со механизам, изработени од кожа или штоф. Кај некои тапацирани модели потребно е посебно да купите душек, додека кај другите модели душекот е интегриран со креветот.
За секоја спална соба се потребни плакари со добра организација на внатрешниот простор. Имате можност да изберете помеѓу плакари со пет крила со класични врати, како и трикрилни и двокрилни плакари со класични или лизгачки врати. Одлучете се за моделот кој најмногу Ви одговара.
Креветите и плакарите од нашата понуда може да се надополнат со комоди и наткасни, кои ќе Ви овозможат дополнителен простор за складирање, додека огледалото ќе придонесе за елегантен и софистициран изглед на целата спална соба.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.