Кога опремувате детска соба, се соочувате со голем предизвик. Од една страна, сакате да ги исполните моменталните желби на Вашето дете, од друга страна, треба да имате на ум дека годините минуваат брзо и дека децата поминуваат низ различни фази во текот на растењето, во кои нивните потреби и навики се менуваат, затоа треба рационално да размислите за мебелот што сакате да го купите.
Се потрудивме да Ви понудиме неколку модели на детски соби, со кои ќе Ви го олесниме изборот. Се водевме од идејата дека детските соби треба да бидат модерно дизајнирани, убави и пред се функционални.
Без разлика дали ќе се одлучите за комплет елементи за детска соба, кои вклучуваат кревет, плакар, работна маса и полици, кои се дизајнирани во ист стил, или пак ќе одлучите да купите поединечни елементи од различни програми, Вашето дете ќе има модерно катче за спиење, за своето хоби и за учење.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.