Фотелјите од асортиманот на СИМПО се дизајнирани да го надополнат ентериерот и да обезбедат бескрајна удобност. Лесно ќе го најдат своето место во Вашата дневна соба, спална соба или работна соба. Иако се најчестиот избор за катче за читање и одмор во домот, совршени се и за опремување на деловни простори.
Погледнете го нашиот асортиман и изберете фотелја според Вашите желби. Нудиме големи и мали фотелји, со висок и низок наслон, широки и тесни потпирачи за раце, во различни стилови – од класични, стилски до модерни. Секој од овие модели овозможува одмор и релаксација на свој уникатен начин.
Некои од нашите модели можат да се користат и за спиење бидејќи имаат механизам кој се извлекува во кревет. Кај нас ќе најдете и релаксирачка фотелја со прилагодлив наслон за грб и релаксирачки потпирач за нозе и многу повеќе.
Многу модели на фотелји се дел од ТДФ гарнитурите, изработени во ист стил со тросед и двосед, па лесно ќе можете да ги комбинирате. Сите модели можат едноставно да се комбинираат со табуретки или клуб маса. Нашите фотелји, кои изгледаат како помало парче мебел, можат да направат голема разлика и да го променат целокупниот изглед на Вашиот простор.
Во потрага по совршена фотелја кај нас, можете да комбинирате бои, материјали – кожа или штоф, текстури и стилови и да уживате во модел за чиј конечен изглед придонесовте со Вашиот префинет вкус.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.