БЕСПЛАТНА МОНТАЖА И БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО 30km ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД НАЈБЛИСКИОТ САЛОН

Работни маси за деца

За совршено уредување на работното катче во детската соба, потребно е висококвалитетна работна маса која ќе ја најдете во нашата понуда. Нашите работни маси за деца имаат модерен дизајн и се подеднакво погодни за девојчиња и момчиња.

Децата уште од мали можат да цртаат и да си играат на работната маса, а кога ќе тргнат на училиште можат да пишуваат домашни задачи и да учат. Тинејџерите на работната маса ќе ја постават својата компјутерска опрема и предметите што им се секојдневни потребни. Бидете сигурни дека работните маси од нашата понуда можат целосно да го поддржат растот на Вашето дете.

Изработени се од квалитетни материјали, во бои погодни за ентериерот на детските соби. Во комбинација од различни фиоки или фиоки и отворени полици нудат практични решенија за чување книги, училиштен прибор, ранци и украси.

Како дел од колекциите на детските соби, тие лесно се вклопуваат со друг мебел, кревети, плакари, наткасни и полици.