Комоди

Комодите одлично го надополнуваат амбиентот, правејќи го елегантен и префинет. Освен што го разубавуваат ентериерот, тие имаат и своја практична страна, бидејќи полиците и фиоките можете да ги наполните со различни работи кои секогаш ќе бидат уредно наредени и на дофат кога и да Ви затребаат.

За Вас подготвивме модели кои во поглед на стилот, димензиите и бојата можат одлично да се вклопат во Вашата дневна соба, трпезарија, ходник или кое било друго катче кое сакате да го подобрите со ова драгоцено парче мебел.

Изработени се од квалитетни материјали. Со некои комоди, имате можност и за избор на бои, па лесно и убаво ќе ги вклопите во Вашиот ентериер. Бројот и распоредот на фиоките и вратите зависи од моделот, а секој модел располага со доволно простор за складирање.

Нашите комоди се дел од колекцијата за комплетно опремување на дневни и трпезарии. Тие се надополнети со витрини, полици, ТВ-комоди, клуб маси и трпезариски маси. Имате можност да создадете идеална комбинација на елементи во согласност со Вашиот префинет вкус, меѓу кои ќе доминира Вашата комода.