Доколку сакате Вашата спална соба секогаш да биде убаво уредена, потребни Ви се квалитетни плакари кои покрај естетски изглед ќе имаат и добра организација на внатрешниот простор, за да можете на најдобар начин да ја складирате гардеробата и работите што сакате да ги чувате.
СИМПО го создаде асортиманот на плакари во согласност со Вашите потреби. Се погриживме во асортиманот да вклучиме плакари со различен дизајн, димензии, материјали и бои.
Нашите плакари се дел од спалната соба. Во рамките на секоја програма имаме неколку модели. Можете да изберете помеѓу двокрилни, триклини и петкрилни плакари со класични врати или да се одлучите за двокрилни и трикрилни плакари со лизгачки врати, со или без огледала.
Сите плакари од нашата понуда се изработени од квалитетни материјали и овозможуваат максимално искористување на расположливиот простор. Опремени се со полици, шипки за гардероба, а некои и со фиоки.
Без разлика дали Вашиот избор се класични или модерно дизајнирани плакари, сигурни сме дека убаво ќе се вклопат со останатиот мебел во спалната соба. Надополнете ги со кревети, комоди и наткасни од истоимените колекции или купете ги како поединечни парчиња мебел кои лесно можат да се вклопат во различни ентериери на спални соби.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.