Двоседите на СИМПО ги задоволуваат барањата на современите корисници, кои сакаат во своите домови да имаат убаво дизајнирани парчиња мебел, што овозможуваат секојдневен комфор и не зафаќаат многу простор. Со нашите двоседи, малиот простор за живеење повеќе не е ограничување, бидејќи тие се идеално место за седење кое совршено ќе се вклопи во димензиите на Вашиот ентериер.
Двоседите од нашата понуда претставуваат мебел со повеќе функции. Доколку Вашата дневна соба истовремено е и спална соба, изберете еден од моделите со механизам за спиење. Овие модели имаат душек од полиуретанска пена со димензии 193 x 100 cm и дебелина 12 cm.
На Вас останува да одлучите за најубавото дизајнерско решение од нашата понуда. Од модели во минималистички стил до ексклузивни модели со различни модерни детали, изберете двосед кој на посебен начин ќе ја украси Вашата дневна или друга соба.
Двоседите може да се изработат од различни материјали, а Вие имате можност да изберете дали ќе биде штоф или кожа од нашата актуелна понуда. Погледнете ги димензиите на нашите производи и одлучете се за двосед кој совршено одговара на Вашиот простор во однос на дизајнот и големината.
Двоседите од понудата на СИМПО се дел од ТДФ-гарнитурите, стилски доследни на троседите и фотелјите од истоимените колекции. Покрај нив, убаво се комбинираат со табуретки и друг мебел од нашата понуда.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.