Дневната соба е централна просторија во Вашиот дом. Совршена е за опуштање после напорниот работен ден, идеална за семејни собири и дружење со пријателите. Затоа, сосема е разбирливо што сакате да изгледа совршено.
СИМПО ќе Ви помогне да ги претворите Вашите идеи за внатрешен дизајн во реалност. Замислете ја Вашата идеална дневна соба и погледнете ја понудата за мебел СИМПО. Сигурни сме дека во нашата понуда ќе најдете сè што е потребно од мебел за дневната соба.
Доколку дневната соба е доволно голема, имате повеќе можности за комбинирање. Изберете модерна аголна гарнитура или модуларна гарнитура (ТДФ) кој е комбинација на тросед, двосед и фотелја. Во зависност од тоа дали гарнитурата ќе се користи само за седење или спиење, можете да изберете помеѓу модели со или без механизам.
Доколку просторот што го опремувате е помал и сте љубители на минималистички дизајн, изберете кауч или клик-клак лежај кој ќе има двојна функција, за седење и спиење. Модерна фотелја или табуретка совршено ќе го надополни секое парче тапациран мебел.
Ниту една дневна соба не е комплетна без клуб маса. Таа претставува практично, но и украсно парче мебел. Изработени се во различни форми, материјали, текстури и бои, затоа од нашиот асортиман изберете ја онаа која најмногу Ви се допаѓа и која најмногу ќе се вклопи со остатокот од мебелот.
Парчињата мебел како витрините, полиците, огледалата, комодите и ТВ-комодите од нашата понуда одлично ќе ги надополнат гарнитурите и фотелјите. Секое од овие парчиња мебел се карактеризира со атрактивен изглед и практичност. Ви нудиме комплетни решенија за опремување на дневни соби кои најчесто ги содржат сите овие елементи според програмите. Застапени се различни стилови, материјали и бои. Секој елемент можете да го купите одделно или да комбинирате неколку од нив според Вашата желба.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.