Каучи

Каучите даваат елегантна нота на Вашиот животен простор, а покрај секојдневната удобност, имаат и многу практични аспекти. Во нашата понуда ќе најдете различни модели кои претставуваат идеално решение за дневни соби, детски соби, студентски станови и различни сместувачки капацитети.
Препознатливи се како многу удобен мебел за седење и одмор. Имаат и потпирачи за раце кои се корисна потпора за време на одмор и релаксација.

Како практично парче мебел „2 во 1“, можете да ги користите и за секојдневно спиење. Тие лесно се претвораат во простран и удобен кревет. Вграденото жичено јадро им дава стабилност и овозможува долготрајна употреба.

Со оглед на тоа што на секој дом секогаш му треба дополнителен простор за складирање, одличната карактеристика на нашите каучи е кутијата за складирање постелнина која заштедува простор во Ваашиот плакар.

Производството на каучи во боја и ткаенина од нашата актуелна понуда овозможува целосно приспособување на Вашиот простор и го прави одличен избор за класичен и модерен ентериер.