БЕСПЛАТНА МОНТАЖА И БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО 30km ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД НАЈБЛИСКИОТ САЛОН

Спални соби - комплети

Комплетите со елементи за спални од нашиот асортиман содржат кревети со различни големини, повеќе видови плакари, комоди, наткасни и огледала. Тие се практични, бидејќи не треба да се грижите за усогласување на елементите затоа што стилски совршено се совпаѓаат. Ваше е да го изберете моделот што Ви се допаѓа врз основа на боите и дизајнот, како и елементите што ги сакате во Вашата спална соба.

Спалната соба Keln е модел со минималистички дизајн и исклучителна функционалност. Елементите се направени во комбинација на дезен цреша и бледокафеава боја. При изборот на плакар, можете да се определите за плакар со пет крила или двокрилни и трикрилни плакари со класични и лизгачки врати. Душек со димензии 200 x 160 cm одговара на модерно дизајнираниот кревет со наслон, кој може да се купи посебно. Комодата, наткасната и огледалото хармонично ја надополнуваат целата програма.

Спалната соба Remo во бела боја е синоним за совршена елеганција. Целосниот комплет со елементи се состои од плакар со две крила и плакар со пет крила со класични врати, кревет во две димензии, на кој одговараат душеци всо димензии 200 x 160 cm или 200 x 180 cm, кои се купуваат одделно, комоди со три и со шест фиоки и наткасни. Додека плакарите се карактеризираат со строга геометриска форма со практичен внатрешен распоред на полици и шипки за гардероба, останатите елементи имаат заоблени рабови кои придонесуваат за хармоничен и нежен изглед.

Спалната соба Nica ќе внесе зрак на модернизам во Вашето интимно катче. Создадена е во комбинација на дезен на сонома од темен даб и мат боја на капучино. Удобен кревет со тапациран наслон од штоф, се комплетира со душек со димензии 200 x 180 cm, кој се купува посебно. Плакарот е достапен во три варијанти, трикрилен со класични и лизгачки врати и петкрилен со класични врати. Комодите и наткасните се исто така дел од програмата.

Со сите програми, имате можност да купите поединечни елементи за да можете да ја креирате Вашата спална соба според просторот што го имате.