2019.
Најголемите награди во хотелиерството на Србија, под брендот „Амбасадори на добра услуга“ за 2019 година, беа доделени на 17 декември, во организација на редакцијата на списанието „Туристички свет“, со поддршка на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации. СИМПО доби награда во категоријата „Партнер на хотелиерството“.
2018.
На 56-от Меѓународен саем за мебел, СИМПО премиерно ја претстави новата колекција за 2019 година. На СИМПО е доделена наградата „Sajamski ključ” за креативно осмислен саемски настап.
На доделување на годинешните ТОП 50 награди за најдобри сајтови, друштвени мрежи и мобилни апликации, кои традиционално веќе 21 година по ред се организира од PC PRESS, сајтот simpo.rs е награден во категоријата Дом и забава.
Благодарение на довербата од потрошувачите, СИМПО освои награда Best Buy Award Serbia Home&Decoration 2017/2018. Сертификатот може да го погледнете овде.
2017.
На основа на гласовите од потрошувачите, СИМПО е добитник на наградата „Moj izbor 2017”, како најомилен бренд во категоријата „Мебел“. На 43-от Меѓународен саем за мебел во Скопје, СИМПО доби признание „Мебел 2017” за гарнитура „Lazar”.
2016.
На Меѓународниот саем за мебел во Скопје „Мебел 2016“ СИМПО доби награда со највисоко признание со наградата „Zlatna era“ за гарнитура „Margo“ во категоријата Мебел за дневни соби –тапациран мебел.
2015.
На Меѓународниот саем за мебел во Белград, СИМПО доби специјално признание за визуелно осмислен и функционално опремен изложбен простор.
Во организација на здружението „Moja Srbija” и Стопанска комора на Белград, на доделувањето на признанието „Moj izbor 2015” за најдобри домашни производи, услуги и брендови, СИМПО според оценките од потрошувачите е избран за најомилен бренд на мебел.
На Меѓународниот саем за мебел „Мебел 2015″ во Скопје, во категоријата „Мебел за дневни соби”, СИМПО освои награда „Zlatna era” за својот нов програм „Y”.
2013.
Во годината кога се одбележи 50 години постоење, СИМПО по петти пат доби награда за најдобар корпоративен бренд во категоријата Трајни потрошувачи добра во акцијата „Најдоброто од Србија”
2012.
Министерството за трговија, земјоделство, шумарство и водостопанство, Стопанска комора на Србија и дневниот печат „Privredni pregled“, по четврти пат доделија награда на СИМПО „Најдоброто од Србија“.
2011.
СИМПО е прогласен за најомилен бренд за мебел во Србија по анкетата која се спроведе од организацијата „Moja Srbija“ во оквирот на традиционалната акција „Naše omiljeno“.
2010.
Министерството за трговија и услуги, Стопанска комора на Србија и дневниот печат „Pregled“, во рамките на акцијата „Najbolje iz Srbije”, по втор пат го прогласија СИМПО за најдобар корпоративен бренд.
2009.
На Меѓународниот саем за мебел u Скопје “Мебел 2009” СИМПО доби главна награда за фотелја со табуретка „Lorena“, како и Плакета по повод три ипол децениска успешна соработка со Скопски саем.
2008.
Во рамки на акцијата „Najbolje iz Srbije“ која ја организира Министерството за трговија и услуги, Стопанска комора на Србија и дневниот печат „Pregled“, СИМПО доби награда за најдобар корпоративен бренд.
2007.
Стопанската комора на Србија, по повод 150 години постоење, додели награда на СИМПО за придонес на развојот на стопанството и системот на комората.
На саемот во Скопје “Мебел 2007″, СИМПО доби престижно признание „Златен глобус” во категорија мебел за јавни објекти – за троседот и табуретката „Menhetn“.
2002.
СИМПО доби награда „Светилник”, како најуспешна домашна компанија на странски пазар. Признанието е базирано на оцените од потрошувачите доделено од MARK-PLAN – агенција за маркетинг истражувања.
2001.
Кожната гарнитура „Bela“ е наградена со признание „Златен мост” на Скопскиот саем за мебел „МЕБЕЛ 2001″.
2000.
За гарнитурата „Opera“ и детската соба „Albatros“ СИМПО доби награда „Златен мост” на Меѓународниот саем за мебел во Скопје.
СИМПО освои признание „Светилник” како најуспешна компанија во земјата. Признанието е на основа на оценките на потрошувачите и го доделува MARK-PLAN – агенција за маркетинг истражувања.
1999.
На скопскиот саем “Мебел 1999″ СИМПО доби највисоко признание „ Златен мост” за гарнитурата „Sam“.
СИМПО доби повелба од Белградски саем за долгогодишна успешна соработка и посебен придонес во организирање на јубилејниот 20ти по ред Меѓународен саем за фирми, идеи, бизниси и мали фирми.
1995.
На саемот за мали компании во Белград, СИМПО доби највисоко признание „Златна медалја“ за вкупните резултати.
1990.
СИМПО доби Златна плакета од Стопанска комора на Југославија како најуспешна компанија.
На Меѓународниот саем за роба од широката потрошувачка во Пловдив, Р. Бугарија, тапацираната гарнитура „Bos“ доби Златна медалја.
На Меѓународниот саем за мебел во Брн СИМПО деветти пат по ред добива медалја за квалитет. Признанието е доделено за спалната соба „Valeri”.
1986.
СИМПО добива две награди „Златен клуч” на Меѓународниот саем за мебел во Белград: за атрактивен програм складирање и за столица модел P-10.
1983.
Две награди „Сребрен клуч” на Меѓународниот саем во Белград доби СИМПО за трпезаријата „Rendžer” со фотелјата на расклопување и за столицата „Mina”. Одлуката на Општинската Стопанска комора на Југославија додели на СИМПО Златна плакета – највисокото признание во земјата за врвни резултати остварени во комората.
На Меѓународниот саем за роба од широка потрошувачка во Брн СИМПО доби „Златна медалја” за модел на маса на расклопување.
1981.
СИМПО доби Плакета со диплома од Стопанска комора на Србија за постигнати резултати на унапредување на комората и придонес на остварување на улогата и задачите на Комората.
Награда „Златен клуч” е освоена на Меѓународниот саем за мебел во Белград за салонската гарнитура „Boem“.
1977.
На Меѓународниот саем за мебел во Пловдив, Р. Бугарија, СИМПО доби „Златна медалја” за квалитет на своите производи.
Меѓународниот новинарски центар со седиште во Рим, додели награда на СИМПО „Златен Меркур”, како највисоко признание за резултатите остварени во развој, зголемено производство и меѓународна соработка.
1975.
СИМПО од Стопанска комора на Србија доби награда „Ден на Републиката” за современо организирана работа и висока стапка на раст на производството и извоз во континуитет во годините.
Соба за млади доби награда „Златен клуч” на Меѓународниот саем за мебел во Белград. Тоа беше прв пат ова признание да се додели на произведувачи во Србија.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.