Наткасните се мали и функционални парчиња мебел за Вашата спална соба. Тие се вистински сојузници за складирање на лични предмети што сакате да ги имате при рака во текот на ноќта или за време на дневниот одмор. Откако ќе ги поставите до Вашиот кревет, ќе сфатите дека навистина Ви се потребни.
Во СИМПО за Вас подготвивме модели на наткасни, различни по стил, димензии, материјали и боја. Опремени се со фиоки или се комбинација од фиоки и отворени полици. Надополнете ги со лампи и разни украсни предмети и тие ќе придонесат Вашето интимно катче да зрачи со посебен шарм.
Наткасните од нашата понуда се стилски усогласени со комплетни програми за опремување на спални соби, кои вклучуваат и плакари, кревети и комоди. Совршени се доколку сакате ист дизајн на сите елементи во Вашата соба. Сепак, можете да ги купите одделно и да ги комбинирате со мебел со сосема различен дизајн.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.