Витрини

Витрините се неопходни за секој дом поради нивната практичност во складирањето на работите. Нивниот изложбен карактер ќе го направи Вашиот ентериер уште поубав и репрезентативен. Како витрини за дневната или трпезаријата, тие ќе внесат посебна нота на елеганција и шарм во Вашиот простор.

Витрините со стаклени врати се опремени со бројни полици кои можете да ги исполните со драгоцени предмети и спомени што сакате секој да ги види, додека витрините со полни врати се одличен избор за складирање работи што сакате да ги сочувате само за себе.

Витрините од понудата на СИМПО се изработени од најквалитетни материјали, во модерни бои и во согласност со актуелните дизајнерски трендови. Тие можат совршено да се вклопат во различни стилови на декорирање, од класични до модерни.

Секој од нашите модели на витрини е составен дел на една од програмите дизајнирани да го декорираат Вашиот дом или деловен простор. Нивниот дизајн е усогласен со комодите, полиците за книги, клуб масите, трпезариските маси и полиците. Тие Ви нудат можност совршено да ги комбинирате со друг мебел и да создадете хармонична целина во Вашиот простор.