Клик-клак лежаи

Доколку на Вашиот дом му треба практично парче мебел „2 во 1“, како уникатно решение за дневен одмор и сон, наш предлог се клик-клак лежаите.
Нивниот универзален карактер им се допаѓа на сите генерации. Тие се карактеризираат со едноставен и минимален дизајн, прилагодлив на различни стилови на ентериерот. Идеални се за повеќенаменски дневни соби кои во исто време се користат како спални соби.

Тие, исто така, лесно го наоѓаат своето место во детските и работните соби. Особено се погодни за опремување на студентски станови, апартмани и различни други капацитети за сместување на туристи.

Клик-клак лежаите не зафаќаат многу простор, а сепак овозможуваат многу придобивки. Во текот на денот тие претставуваат удобно место за седење, а навечер удобен кревет за спиење. Некои од моделите Ви заштедуваат простор и во плакарите, бидејќи имаат кутија за складирање постелнина. Одржувањето е едноставно и лесно бидејќи навлаката се отстранува кај повеќето модели.

Клик-клак лежаите од нашата понуда ќе ги исполнат сите Ваши очекувања во однос на удобноста и функционалноста. Можете да ги усогласите со Вашиот ентериер така што ќе ја изберете ткаенината и бојата што најмногу Ви одговара.