БЕСПЛАТНА МОНТАЖА И БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО 30km ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД НАЈБЛИСКИОТ САЛОН

Украсување на домот - инспирација е околу нас

Домот е вашата оаза на мирот вашето засолниште, затоа успорете и заљубете се во вашиот дом. Животот е во деталите. Важно е што ве инспирира. Стилирајте го вашиот дом според тоа како сакате да се чувствувате во него, а не врз основа на актуелните трендови.

Украсувањето на домот не мора секогаш да биде скапо.Можете да направите многу од тоа сами или да користите нешто што веќе го имате. Нека блесне вашата креативност.

Инспирација е насекаде околу нас.

Во природата што не опкруѝува, во облаците, боите што ги носат годишните времиња, во луѓето околу нас…
Погледнете околу себе и пронајдете ја вашата инспирација.

 

Внесете ги паднатите лисја и ставете ги на голем кружен плех. Ставете ги гранките кои веќе паднале од дрвјата во стаклени вазни или тегли, целосно непропорционални на висината и големината на вазната, колку е помала вазната, толку е подолга гранката.

Ако имате празен , празен простор на ѕидовите, не мора да ставите само слики и уметност на нив. Рамките со различни димензии, стилови и бои се исто одлично решение. Не плашете се да го комбинирате некомпатибилното. Несогласувањето можеби на некого му изгледа хаотично, но примарната работа е што секоја ситуација или предмет има шарм во кој уживате, бидејќи само тогаш се е точно на своето место.

Не покривајте ја масата со чаршафи, туку дозволете убавината на метеријалот од кој е направен и неговата текстура да дојде до израз. Искористете ја вашата фантазија и поставете подметаци со различни форми и бои.Чашите исто така треба да бидат со различни бои и големини. Ако сепак претпочитате уредување, едноставност и минимилизам, тоа е исто така во ред. Но, осмелете се понекогаш да пробате нешто поинакво, можеби ќе се изненадите и ќе ви се допадне.

Инспирирајте се од бои , текстури, материјали, култури на други земји и фотографии. Модерно, електично или архаично, се е дозволено ако ве задоволи. Уѝивајте во украсувањето на вашиот дом!