Спиењето е една од примарните потреби што влијае на физичкото и менталното здравје на една личност. Еден од предусловите за квалитетен сон е квалитетниот душек. За да уживате во благодетите на вашиот душек што е можно подолго, неопходно е да се следат одредени совети за негово правилно користење и одржување.
Правилното и редовно чистење на душекот е многу важно за одржување на неговиот квалитет и неговиот животен век. Редовното чистење на душекот нека биде дел од вашата рутина за чистење на домот, бидејќи на тој начин се грижите за вашето здравје и за здравјето на сите во домот.
Со секојдневна употреба, душекот е изложен на прашина, грини, излевање течност итн. Затоа од време на време душекот треба да се вакумира со обична правосмукалка за да се отстранат разните нечистотии. Најчесто рабовите на душекот се покриени со разни нечистотии кои треба внимателно да се исчистат со правосмукалка за да не се наталожат. За чистење со правосмукалка, користете го додатокот за правосмукалка наменет за чистење мебел. За чистење на душекот, никогаш не смеете да користите правосмукалки со голема моќ на вшмукување и уреди за пареа.
Доколку треба да го исчистите душекот, а капакот не се откинува, не смеете директно да го навлажнете со вода или со која било друга течност. Душекот треба да се чисти чекор по чекор, на следниов начин:
Дури и најквалитетниот душек нема да ги зачува своите својства доколку не се користи правилно. Следниве совети за користење на душекот секогаш нека ви бидат водич при неговото манипулирање.
Перфорираната основа за кревет е суштински предуслов за правилна употреба на душекот. Со перфорираната основа, воздухот може слободно да циркулира околу душекот, што постојано го одржува добро проветрено.
Креветите со перфорирана основа треба да бидат правилно составени, бидејќи неправилното склопување на креветот и основата може да доведе до оштетување на душекот.
При транспортирање и поставување на душекот на креветот, душекот не треба да се превиткува или витка при вртење. Рачките на душекот се за позиционирање, а не за носење на душекот.
Иако скокањето по душекот може да биде забавно, особено за децата, имајте на ум дека го уништувате вашиот душек и тој може да се деформира. Затоа скокањето на душекот е строго забрането.
Честото проветрување на спалната соба и душекот, без чаршафи или каква било друга заштита, ќе спречи таложење на влага поради потење, непријатни мириси, нечистотија и други работи. Одвреме-навреме кревајте го душекот, потпрете го на ѕид или некоја друга цврста површина и со широко отворени прозорци оставете добро да проветрува.
За истото оптоварување на горните и долните делови, вртете го душекот еднаш месечно во правец глава – стапало и лице – грб. На овој начин ќе придонесете за рамномерно користење на душекот и ќе избегнете непотребно создавање на испакнатини или вдлабнатини на душекот.
Доколку вашиот избор се душеци кои имаат летна и зимска страна, како што се душеците Адмирал, Виола и Гранд од нашата палета, промената на сезоната е вистинско време да го свртите вашиот душек.
Заштитете го душекот со постелнина, капак или водоотпорна покривка. Исто така, многу е важно редовно да менувате постелнина и други додатоци за покривање. На овој начин не само што се води соодветна хигиена, туку и се создаваат услови душекот да ги задржи сите свои благодети што подолго.
СИМПО ДОО Скопјe
Кочо Битољану бр.1
1000 Скопје
Република С. Македонија
Copyright SIMPO AD 2022.