1963.-1980.

1980.-1990.

1990.-2014.

2014.

ДЕНЕС

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

All rights reserved         Copyright by SIMPO ad  2017.

C

R

1963.-1980.

Фабриката за мебел „Sima Pogačarević", од која се разви денешната фирма SIMPO, е основана во 1963 година во Врање. Во периодот од 1963 – 1980 год. доаѓа до ширење на производствените капацитети со основање на Фабрика за тапетарски производи, Фабрика за теписи и Фабрика за производство на штофови и други декоративни ткаенини за потребите на индустријата за мебел и опремување ентериери. Првиот душек е произведен во овој период со што е означено и создавањето на брендот SIMPOSAN, еден од најпознатите брендови на душеци на територија на бивша Југославија. Овој период се бележи и по создавањето на познатата стилска гарнитура „Viktorija“, вонвременски модел кои и денес се произведува и со својата убавина и префинетост во изработката ги одушевува купувачите.

1980.-1990.

Продолжува ширење на производните капацитет на SIMPO со надополнување на Фабриката за стилски мебел,  Фабриката за душеци и Фабриката за детски мебел. Во овој период произведена е и првата „Mojca“, со децении најпопуларната гарнитура во бивша Југославија, која и денес е еден од омилените модели на купувачите.

1990.-2014.

Освен Фабриката за ламелиран мебел која настана во овој период, SIMPO ја прошири својата дејност со преземање на Фарма за овци во Власина, фирмите SIMBI и SIMPO цвеќе. Периодот после 2000 година го обележа почетокот на работа на фирмите SIMPO дрво во Чичевац која произведува дрвена граѓа и елементи од масив. Фабриката за кондиторски производи  Kondiva и SIMPO ŠIK, која се бави со производство на лесонит, шпер плочи, паркети и резана граѓа. Основан е и SIMPO LINE, фирма специјализирана за опремување на сите видови ентериери – хотели, деловни и резиденцијални објекти, ресторани, канцелариски простории, здравствени установи и школски објекти.

2014.

Секоја организација има свој раст и пад, а СИМПО својот голем пад го доживеа во 2014 година. Вистинската сила се огледува во тоа што и во најтешките моменти се собраа сите расположливи ресурси и се продолжи напред. Клучна помош да направи историски пресврт на СИМПО ја даде Владата на Република Србија. Изработен е и усвоен Програм за финансиско-економска консолидација.

ДЕНЕС

Денес СИМПО е произведувач на мебел со најдолга традиција и по избор на потрошувачите најомилен мебел во Србија и пошироко. Секојдневно нашите вешти мајстори, архитекти, дизајнери, инженери, продавачи, монтери итн. вредно работат како би стасал најдобриот мебел до купувачите, до домовите во кои се создаваат најубавите фамилијарни спомени и деловни простори каде што се создаваат успеси. Ние сме една голема фамилија која создава мебел кој има душа и ги прави посебни домовите и деловните простории ширум Србија и Европа. Со купување на мебел од СИМПО не добивате само парче мебел со идеално балансиран квалитет, дизајн, функционалност и иновативност, туку внесувате во својот ентериер посебен дух и енергија. Задоволството на нашите купувачи нам ни е најголема награда бидејќи тие ја создаваат нашата голема фамилија. Горди сме со тоа што нашата фамилија секојдневно се зголемува.

Ние создаваме мебел кој има душа, а заедно со вас креираме големи и посебни приказни... КРЕИРАМЕ УДОБНА ИДНИНА!

НА ВРВ

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

All rights reserved         Copyright by SIMPO ad  2017.

C

R